Џафери ќе ја достави оставката од Груевски до пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ја достави писмената оставка од поранешниот премиерот Никола Груевски до пратениците.

На денешната координација кај претседателот на македонското Собрание, партиите ги изнеле своите ставови, освен пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј претставник не присуствувал на координацијата.

Како што брифираат од Собранието, Џафери ќе има одделна средба со координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Оставката од пратеничката функција на унгарски јазик, која деновиве беше преведена на македонски, поранешниот премиер Никола Груевски, сега азилант во Унгарија, била доставена во Собранието во средата на 5-ти јуни.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе