СОБРАНИЕ

Џафери ќе чека Иванов да му го даде мандатот на Заев, па ќе закаже собраниска седница

Собранието ќе заседава откако претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на Зоран Заев. Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери чека да ја добие таа одлука и програмата на новата влада, па ќе ја закаже првата собраниска седница по неговиот избор, велат од Собранието.

А од кабинетот на претседателот на државата чекаат објавување на одлуката за избор на новиот собраниски претседател во Службен весник, по што би почнал да тече рокот од 10 дена за давање на мандатот за формирање нова влада. Минатата недела од Службен весник најавија дека на почетокот на неделава одлуката ќе биде објавена. Денеска тоа сѐ уште не е сторено.

Денеска од Службен весник информираат дека барањето за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија е доставено и ќе биде објавено во првиот нареден број.  

Печатењето на Службен весник го врши компанијата Графички центар, за која за два дена било закажано судско рочиште за отворање стечајна постапка.

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ врши опструкција за објавување на одлуката преку нивниот кадар во Службен весник, директорот Лука Кржалоски.

„Директорот на Службен весник мора да сфати дека тој не е директор што цени што треба да се објави“, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Одлуката за избор за Талат Џафери за претседател на Собранието е потпишана од заменик-генералниот секретар на Собранието Неџбедин Ибраими и од претседавачите на собраниската седница Ферид Мухиќ и Горан Мисовски, а до ЈП Службен весник била испратена пред пет дена.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе