Џафери: Јас сум против лидерска средба, но ако партиите сакаат нека се сретнат

Претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното интервју за емисијата „Топ Тема" на телевизијата „Телма" изјави дека е против лидерски средби, но е „за" ако партиите имаат потреба од тоа. Тој тоа го кажа, прашан дали се согласува со предлогот на премиерот Зоран Заев да се организира лидерска средба ако во следниот период не се одблокира Собранието.

„Воспоставената пракса дека сè зависи од лидерски средби е лоша. Таа е воспоставена во овие три децении на парламентарна демократија во нашата земја. Не сметам дека е тоа решението. Собранието како највисок законодавен орган и како посебна власт, според уставната поделба на власта, е институција која треба да биде надвор од влијанијата. Ако се раководиме според основниот постулат што е Собрание и која е неговата улога и место според Уставот, јас треба да повторам дека тоа е претставнички орган на граѓаните и одлучува во нивно име. Пратениците се слободни во своите одлуки и не зависат и не подлежат на одговорност ниту политичка ниту кривична за нивните одлуки кои ги носат во законодавниот дом. За жал, се воспостави пракса и се вгради менталитет дека нештата им припаѓаат на политичките партии“, истакна претседателот на Парламентот.

Тој нагласи дека институциите не се на партиите, туку на државата и на граѓаните.

„Собранието е на Република Северна Македонија и им припаѓа на граѓаните. Собранието не е на мнозинството, туку Владата има поддршка од мнозинството. Собранието е на пратениците, односно граѓаните. Тоа нема мнозинство од 62 пратеници, туку има 120 народни избраници. Тие имаат право, обврска и должност да учествуваат во работата на Собранието, без оглед на нивните политички определби. Тука е почетниот проблем. И очигледно е дека пратениците не одлучуваат според реалниот тек во Собранието, туку според партиските одлуки на кои им припаѓаат“, нагласи Џафери.

Смета дека ако работата на институцијата чија основна задача е да носи закони и прописи во корист на граѓаните и државата, тогаш партиските работи треба да се остават настрана.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе