четврток, 25 април 2024

Мицкоски и Тошковски ќе ги преместуваат затворот, полицијата и пожарната во Охрид

Полициската станица, административната зграда на СВР- Охрид, противпожарната служба и затворското одделение во Охрид ќе бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Тоа денеска од Охрид го најавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и градоначаникот, Кирил Пецаков.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочи Мицкоски, станува збор за проект што заеднички ќе го реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно МВР и Општина Охрид, а во насока на подобрување на условите за работа на полициската служба и СВР – Охрид, како и во интерес на самите граѓани.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи поголем конфор во централното градско подрачје на Охрид и делот што е туристичка зона, а како треба држава да поддржуваме проекти што ќе значат додадена вредност за средините каде се спроведуваат, истакна Мицкоски.

Министерот за внатрешни работи Тошковски, од своја страна истакна дека МВР ќе ги спроведе сите потребни чекори да го стави објектот во касарната во функција.

„Капацитетот на овој објект во касарната во моменталната состојба со своите технички карактеристики ги задоволува потребните услови и со финансиски средства обезбедени од идната влада на Република Макеоднија ќе го ставиме во функција како што доликува, а посточекиот стар објект го префлрилме тука, со што ефектот и придонесот кон Охриѓани ќе се види во повеќе аспекти. Просторот каде моментало е СВР-Охрид, Затворот и останатиот објект каде се сместени управните служби од МВР во целост се дислоцира, а тој простор да се стави во функција, како убав парк надземно, и со подземна катна гаража“, рече Тошковски.

Од страна на градоначалникот Пецаков е изразена подготвеноста Општина Охрид да се откаже од дел од средствата што треба да припаднат на општината, се со цел да е реализира проектот, во интерес на граѓаните и на вработените во СВР – Охрид, кои ќе добијат достоен и репрезентативен објект.

„Доколку логично се гледаат работите, на подрачјето каде се наоѓаат полицијата, противпожарната служба и затворското одделение се создава повеќе гужва отколку што тие можат реално да функционираат. Токму затоа на оваа идеја како град се решивме да учествуваме директно и перспективно на тој простор да има парк во која граѓаните ќе можат да се рекреираат и да уживаат, а секако дека од друга страна ќе се добијат дополнителни паркинг-места“, рече Пецаков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ