Џафери ја извести Комисијата дека Груевски го нема 6 месеци и има услови за одземање на мандатот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери со допис ја информирал Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски повеќе од шест месеци, со што може да се расправа за одземање на неговиот пратенички мандат.

Комисијата, според информациите од Собранието, ќе ја одржи седницата в понеделник.

Според Деловникот, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања од денот на добивање на известувањето од собранискиот спикер, има рок од 15 дена да поднесе предлог за одземање на мандатот.  

По предлогот на Комисијата, Собранието води претрес на првата наредна седница, а за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Груевски „за“ треба да гласаат 80 пратеници.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе