Собрание

Џафери: Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за ратификација на Протоколот за НАТО треба ќе се поднесе до Владата

Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, изјави попладнево претседателот на Собранието Талат Џафери.

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Собранието поднесе барање за иницирање, односно за препраќање до Владата на иницијатива за доставување предлог-закон за ратификација на договорот за НАТО.

„Од формален аспект еден документ што влегува во Собранието во соодветна процедура моја обврска е да го разгледам актот соодветно и по однос на надлежностите да постапувам. Имајќи предвид дека Собранието врз основа на членовите на Деловникот на кои се повикуваат пратениците ги нема тие надлежности, сметам дека е соодветно истиот акт, како и при сите други случаи за кои Собранието не е надлежно да постапува, да се препрати до надлежниот орган на кој што се однесува проблематиката, во конкретниов случај до Владата на Република Северна Македонија“, изјави Џафери.

Тој посочи дека Владата и според Уставот е надлежна да иницира и да поднесува Предлог-закон за ратификација на меѓународни договори или кој било закон што се ратификува. „И во тој контекст и според Деловникот, надлежноста за поднесување предлог-закон за ратификација на меѓународен акт е во надлежност на Владата и никој друг не може тоа да го покрене. Барањето на пратениците како такво ќе биде препратено до Владата и тие ќе решаваат по кој пат и каков начин ќе постапуваат по однос на тоа барање“, рече Џафери.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе