Самит на спикери на парламенти во Варшава

Џафери: Имаме должност да ја развиваме парламентарната дипломатија

Преку парламентарната дипломатија ја јакнеме и развиваме демократија дома, во регионот и на глобално ниво, порачал денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 3. Самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа што се одржува во Варшава, зборувајќи на темата „Парламентите во меѓународните политики“.

„Наша должност е да продолжиме да ја негуваме и развиваме парламентарната дипломатија, да ги решаваме сите предизвици кои ги носи глобализацијата, без разлика дали станува збор за прашања од областа на екологијата, мигрантската криза, организираниот криминал и тероризам, па сѐ до заеднички економски и инфраструктурни проекти”, рекол Џафери.

Џафери, како што соопштија од неговиот кабинет, пренел искуства од Македонија и навел дека ако на почетокот Собранието повеќе личело на гласачка машина која ги усвојува предложените закони од Владата, денеска во него се водат „живи, аргументирани дебати“.

Најголем напредок, според него, е постигнат во јакнењето на надзорната улога на Парламентот врз извршната власт и сè поизразената улога на парламентите во меѓународните односи, на билатерално и на мултилатерално ниво, односно развојот на парламентарната дипломатија.

Според Џафери, парламентарната дипломатија за која е убеден дека се развива успешно во регионот, овозможила две клучни работи, „дефинитивно да разбереме и да прифатиме дека само преку дијалог можеме да ги надминеме билатералните недоразбирања и историски антагонизми, и во исто време, да увидиме дека тоа е и единствениот пат кој ќе ја води секоја држава поединечно и целиот регион во ЕУ и НАТО”.

Тој оценил дека Собранието на Република Македонија денес има високоразвиени односи со парламентите на Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, а тоа што е најважно, како што потенцирал, е дека како парламенти одиграле пресудна улога во надминување на некои долгогодишни, историски отворени прашања.

„Лично се надевам дека ваквите односи набрзо ќе ги воспоставиме и со соседна Грција, сега кога веќе е потпишан договорот со кој се постигна конечна спогодба за решавање на разликите околу името на нашата држава”, изјавил Џафери.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе