Во Собранието

Џафери: Илија, бев прекоректен, 12 минути си на говорница, зошто зборуваш кога си исклучен?

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прескокна точката за законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32.седница и наместо тоа, седницата продлжи со гласање по други точки од дневниот ред.

Претходно, во процедурална забелешка пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара да се прекине седницата и да заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која треба да одлучи дали да има расправа за над 35.500-те амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски образложи дека нивните амандмани се однесуваат само на 19-те члена за кои претседателот на државата укажал дека се неуставни. 

Џафери му рече на Димовски дека расправата не се води по таа точка и продолжи со гласање по две други точки од 32. седница, по што прогласи еден час пауза откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „пауза“, „пауза“.

„Жалам што господинот Џафери го избра 14 март за овој закон, денот кога УЧК пукаше на Тетово. Собранието е свесно дека носи неуставен закон. Барам Комисијата за деловинички и мандатно-имунитетни прашања да се произнесе дали може да се поднесат амандмани или не. Стопирајте ја седницата и свикајте ја Комисијата“, побара Димовски.

Според Димовски, законот неправилно имал европско знаменце, немало јавна расправа, и потенцираше дека матично тело за разгледување на законот требала да биде Комисијата за политички систем, а не Комисијата за европски прашања.

„Филибастеринг за законот не ја направи ВМРО-ДПМНЕ, туку лично Артан Груби и Реџил Исмаили на Комисијата за европски прашања, кога не дозволија ниту еден амандман да помине. Три дена си играа играчки со еден амандман на Беса“, додаде Димовски.

Откако го пречекори времето за процедурални забелешки, Димовски продолжи да зборува иако неколку пати беше опоменат од Џафери дека треба да ја напушти говорницата.

„Колега Илија, ви благодарам, ви тече 10-та минута“, беше првата опомена од Џафери.

Тој го „потсети“ Димовски дека одамна е исклучен од микрофонот, но пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ продолжи да зборува.

„Илија, бев прекоректен, 12 минути си на говорница, коректно е да ја напуштиш говорницата“, рече Џафери.

По изгласувањето на измените на Законот за продажба на земјоделско земјиште во скратена постапка и на Законот за плати и други надоместоци на избрани и други лица (прво читање), Џафери објави редовна пауза.

Пред седницата беа одржани координативни средби на пратенчките групи со лидерите на нивните партии во врска со законот за јазиците.

Лидерот на коалицијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по пристигнувањето во Собранието најави дека ќе гласа за законот за јазиците.

„Не сум дел од Владата, дојдов да гласам за закон според договорот што го имавме кога се формираше Владата“, кусо изјави Села.

Додека се чекаше да започне седницата, а и по нејзиниот почеток, пред Соб раниер се одржуваа протести против законот за употреба на јазиците.

Пратеникот Амди Бајрам изјави дека не се согласува со протестите пред Собранието и рече дека денеска ќе гласа за уставно неуставниот закон за јазиците зашто треба да биде изгласан.

„Не се согласувам со тие што протестираат, ако не сега, следен пат ќе го изгласаме законот“, вели Бајрам.

Паузата во Собранието сѐ уште трае.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе