Во вторник состанок во Брисел

Џафери и колегите од регионот во Европарламентот ќе разговараат за одблокирање на проширувањето на ЕУ

Претседателите на парламентите од земјите од Западен Балкан во вторник ќе имаат средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли во Брисел и ќе разговараат за европските перспективи на регионот, информира прес-службата на Европскиот парламент.  

„На парламентарните спикери од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ќе им се придружи и претседателот на хрватскиот Парламент, чија земја претседава со ЕУ”, пишува во соопштението. 

Според најавите, тие ќе имаат средба и со претседателите на политичките групи во парламентот, како и со работната група за Западен Балкан во Комитет за надворешни работи. 

„Се радувам што ќе ги поздравам претседателите на Парламентите од Западен Балкан. Европскиот парламент секогаш бил посветен на европската перспектива на Западен Балкан. Добро е познато дека бевме многу разочарани од неуспехот на Европскиот совет за почеток на преговори со Албанија и Северна Македонија. Сега е време да одиме заедно и да продолжиме да притискаме за напредок. Од тој апсект улогата на парламентите е суштинска. Го свикав овој собир за да развиеме стратегија за улогата што парламентите можат да ја имаат во спроведувањето на реформската агенда на ЕУ и во испорачувањето конкретни мерки за европските аспирации на граѓаните од Западен Балкан. Ибеден сум дека нема подобро време за да се направи тоа”, вели сасоли за претстојната средба 

Парламентарната соработка, иднината на Европа и процесот на проширување кој што е закочен по несогласувањето во Советот за отворање преговори со Македонија и со Албанија се главни точки на дневниот ред на состанокот в четврток. 

Европскиот парламент во октомвеи по Европскиот совет усвои резолуција во која изрази разочарување што Албанија и Северна Македонија не можеа д ги почнат преговорите за членство, нагласувајќи дека процесот на проширување играл одлучувачка улога во стабилизирањето на Западен Балкан.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе