Собрание

Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпишал решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12 април годинава.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието на Република Северна Македонија попладнево се распушти, а потоа почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април, Џафери го потпишал решението.

Државната изборна комисија веќе ја почна седницата со повеќе точки на дневниот ред поврзани главно со предвремените парламентарни избори на 12 април.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе