Кабинетот на претседателот на Собранието

Џафери го згрешил образложувањето, Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот

Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот и оти при образложувањето како се носи овој Закон претседателот на Собранието Талат Џафери направил грешка.

Од кабинетот на Џафери се повикуваат на член 11, став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители.

„Законот се носи со обично мнозинство, бидејќи за овој закон според Уставот и Деловникот на Собранието не е предвидено посебно гласање, односно гласање по Бадентер“, велат во изјава за МИА од кабинетот на претседателот на Собранието.

Се очекува Џафери утре, по распиштување на изборите најавени на 12 април, на прес – конференција да објасни дека погрешно најавил оти Законот за Советот на јавни обвинители се гласа со Бадентер.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе