Додека Заев и Ахмети утре ќе бараат излез од собраниската блокада

Џафери го одби предлогот на Мицкоски за посебна седница за „ковид законите“

Претседателот на Собранието Талат Џафери засега останува на ставот дека пратениците треба најнапред да го изгласаат дневниот ред на 36. седница и притоа да се утврдат приоритетни точки за гласање, а не, како што бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да се одржи посебна седница на која би се изгласале одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница и трите закони поврзани со антикризните мерки за ковид-19. Утре решение за излез од собраниската криза ќе бараат лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.

Џафери потсетува дека веќе образложил зошто мора да биде така повикувајќи се на членови на Деловникот за работа на Собранието.

„Пленарните седници се свикуваат врз основа на членот 68 од Деловникот за работа на Собранието. Јас седницата ја свикав на 9 март за да се одржи на 23 март, рече Џафери нагласувајќи дека не прифаќа ултимативни барања од опозицијата.

Тој тогаш кажал дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координацијата понудила решение нивните пратеници да направат кворум за да може да се донесат одлуката за кризната состојба и трите закони за поврзани со ковид- мерките, но и дека укажал дека тоа е спротивно на законот и на процедурите.

„Усвојувањето на дневниот ред е надлежност на пленумот, а не слободна волја на предлагачот на дневиот ред, претседателот на Собранието па да може да се прави калкулации, рече Џафери.

Според спикерот, опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците во услови на ковид-19 и поставува ултимативни предлози што не може да се прифатат.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повика Собранието утре пред седницата за пратенички прашања да се свика седница само за одлуката за кризната состојба и за трите антикризни закони, ветувајќи дека не само што ќе обезбеди кворум кој сега власта го нема, туку дека ќе го надополни со 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со цел, како што нагласи, да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Во изјава за медиумите, пак, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кажа дека утре ќе одржи средба со претседателот на Собранието Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел, како што рече, да се разгледаат одредени можности за одблокирање на Собранието.

Премиерот изрази надеж дека блокадата на парламентот е од времен карактер поради позитивни пратеници на ковид-19, по чие враќање ќе се стави во функција Собранието за поголем дел од точките на дневен ред и поважните закони.

Од коалицијата на СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува здравствената криза и дека во договор со Алијанса за Албанците со илјадници амандмани ги блокираат другите важни закони, нудејќи деблокада ако се усвои предлог закон за државјанствата на албанската опозициска коалиција.

„Законите за административни службеници, за високото образование, за внатрешни работи, за работни односи,  измените за здравствена заштита, за културното наследство, за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, се само дел од законите кои опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ги кочи и блокира“, изјави пратеникот Дарко Каевски, посочувајќи го прстот и на Левица, покрај на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса-Алтернатива како кочничари и партии кои посакуваат својот рејтигн да ги градат врз предизвикување штети на граѓаните и стопанството.

Владејачкото мнозинство во Собранието во моментот брои 62 пратеници, а двајца од нив се позитивни на ковид-19, Панчо Минов и Илија Николовски. Поради тоа мнозинството не може да обезбеди крворум за работа и да се гласа за одредени закони, доколку опозицијата не присуствува на седниците. Дополнително, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива со над 32.000 амандмани блокираат 20 закони, меѓу кои и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, поради неподдршката за нивниот Закон за државјанства.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе