По повод државниот празник

Џафери го честита 11 Октомври

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод државниот празник 11 Октомври.

„Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, дозволете ми да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот и борбата за слобода. Долг е патот кој човештвото го има изодено откако се избори со злите сили на фашизмот, политичка идеологија која има донесено само загуби и донесе до соочување со негативната страна на човекот. Историјата потврди дека доброто победува и дека мнозинството секогаш се стреми и е на страната на доброто, за да живее во слобода, да живее подобро и тој и сите околу него. Во борбата против злото, секој даде свој придонес во рамките на своите можности и со тоа сочува дел од своето достоинство, човештво и солидарност а над сѐ, обезбеди.парче мир за својата совест и душа, меѓутоа, и мир во светот“, се наведува во честитката.

Таа борба за слобода, се додава, придонесе и во градењето на државноста.

„Денес, го празнуваме 11 Октомври за да им оддадеме почит на сите кои го положиле својот живот за да можеме да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, со отворен и искрен пристап кон соседите, кон пријателските и партнерски земји и земја членка на НАТО. Лекциите од минатото треба да се научат и да се запомнат, за никогаш повеќе да не се повторат затоа што поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес.Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден! Честит 11 Октомври – Денот на народното востание“!, стои во честитаката од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе