Прослава на Илинден

Џафери: Човековите права и слободи биле основните постулати на водачите и на првиот и на вториот Илинден

Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани, кои имале една единствена цел, слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери, кој по повод националниот празник се обрати пред споменикот на Методија Андонов - Ченто, поставен во центарот на Скопје.

„Ако го погледнеме познатиот Крушевски манифест и документите од АСНОМ, ќе се увериме дека  човековите права и слободи и мултиетничкиот и мултиконфесионалниот карактер на општеството биле основните постулати врз кои водачите и на првиот и на вториот Илинден замислувале да се гради државата и да се развива граѓанското општество“, рече Џафери

Од пред споменикот на Ченто, кој беше претседател на АСНОМ, а од 1945-та година и прв претседател на Президиумот на Народното Собрание, претседателот на Собранието рече дека во овие 27 години самостојност Македонија поминала многу премрежија и кризи, но оти заедно успеавме да ги надминеме и да одиме напред. Посочи на поддршката од мнозинството граѓани за целосна интеграција во НАТО и ЕУ и ја повика опозицијата и сите граѓани да го поддржат исполнувањето на Договорот со Грција за името.

„Веќе е добиена поканата за полноправно членство во НАТО и имаме конкретен датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, потсети Џафери споменувајќи дека за ова ни помогнале нашите пријатели и стратешки партнери од меѓународната заедница.

Пред споменикот на Методија Андонов Ченто свежо цвеќе по повод Илинден положија членови на неговото семејство, потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и пратеници, министрите за финансии, за труд и социјална политика и за дијаспора, Драган Тевдовски, Мила Царовска и , претставници на Сојузот на борците, на судската власт, на верските заедници и локалната самоуправа, од Кабинетот на претседателот на државата и дипломатскиот кор.

Претходно цвеќе беше положено и на спомениците на АСНОМ во „Жена парк“ и на споменикот на Никола Карев пред Собранието на РМ.

МИА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе