Претседателството на Собранието во обид да ја реши блокадата

Џафери бара или парламентот во карантин или кворум за седниците

Спикерот Талат Џафери свика состанок на претседателството на Собранието во обид да се најде решение седниците да продолжат и да се изгласа Петтиот владин антикризен пакет закони за помош на граѓаните и стопанството. Имајќи предвид дека владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум за седниците поради пратеници позитивни на ковид-19, Џафери веќе најави дека е можно да побара да се прогласи карантин за Собранието.

Во Собранието на Македонија на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава претседателството во обид да се најде решение парламентот да продолжи со работата, по синоќешните тензии кога седницата беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен.

На состанокот на претседателството на Собранието ќе присуствуваат Џафери, двајцата потпретседатели Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

Џафери на вчерашната седница најави дека ќе побара карантин за Собранието бидејќи поради отсуство на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство поради ковид-19 и други здравствени проблеми, како и одбивањето на опозицијата да направи кворум за да се донесат законите од 32. седница. Не беа донесени ниту законите од петиот сет антикризни мерки, за кои опозицијата се изјасни дека ќе гласа.

Според информациите од Собранието, малку е веројатно дека ќе биде поддржана идејата на претседателот Џафери за воведување карантин, туку ќе се инсистира уште денеска да бидат донесени законите од петиот сет антикризни мерки, помош што ја очекуваат илјадници граѓани и стопанственици.

Синоќа седницата беше тензична, опозицијата влегуваше и излегуваше од салата обезбедувајќи да нема кворум, откако Џафери прво на дневен ред стави друга недовршена седница повикувајќи се на деловникот. ВМРО-ДПМНЕ инсистираше најпрво да се изгласа антикризниот пакет. Џафери возвраќаше дека потоа сите пратеници, околу 100 дојдени на седниците ќе бараат патни трошоци, иако во салата има само педесетина, 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе