Препукувања во Атина

Ѕанакопулос: Неа демократиа да каже за кои имиња се согласи во минатото

Неа демократиа да каже кои имиња ги предлагала во преговорите во минатото и со кои сега се согласува, одговори грчката Влада на изјавата на портпаролката на опозициската партија, Мариа Спираки, која обвини за тајна дипломатија.

„Штом Спираки е толку многу загрижена за ‘тајната дипломатија‘, време е да каже кои имиња ги предлагаше Неа демократиа кога преговараше со ПЈРМ? И со кое од овие се согласува денес?“, коментира портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пишаната изјава, пренесува МИА.

Претходно опозициската Неа демократиа, преку портпаролката Мариа Спираки ја обвини Владата за тајна дипломатија, дека ги држи граѓаните во мрак и побара Ципрас итно да го извести парламентот за последните случувања во разговорите за името.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе