Портпаролот на грчката влада

Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Се работи за политичка победа, бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години, оцени портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија ЕРТ. Тие, како влада, како шшо вели, се задоволни и горди за она што го постигнале.

„Убеден сум дека со текот на времето и оние кои не се согласуваат или се спротивставуваат, ќе сфатат дека станува збор за неопходен политички и дипломатски компромис, кој и покрај тоа што е компромис, целосно ги заштитува и ги гарантира интересите на нашата земја. Вчера беше направен многу важен чекор за стабилизација на поширокиот регион на Балканот“, рече Ѕанакопулос.

Тој, како што пренесува МИА, во интервјуто говореше за придобивките за Грција од постигнатиот договор, во однос на ерга омнес, уставната ревизија и отстранувањето на иредентизмот.

Во врска со обвинувањата од опозициската Неа демократиа, Ѕанакопулос вели дека Мицотакис можеше да одбере критика поврзана со суштината на договорот.

„Премиерот и министерот за надворешни работи имаат надлежности за да потпишат меѓународни договори. Ако Мицотакис се сомнева во тоа дали владата има доверба од парламентот, не му преостанува ништо друго освен да достави предлог за гласање на недоверба на владата. Зошто не го стори тоа?“, рече Ѕанакопулос, одговарајќи на критиките од лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис дека владата нема „правен легитимитет за да го потпише договорот“.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе