ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

Движењето „Протестирам“ продолжува со протест пред Владата

Откако во 13 часот се собраа пред Обвинителството во знак на револт против притворените студенти и демонтранти од 5 мај досега, а потоа се приклучија на големиот протестен собир пред Влада, активистите и граѓаните од движењето „Протестирам“ од 18 часот повторно ќе се обединат на мирен и солидарен протест пред владиниот објект.

„Протестирам“ веќе тринаесетти ден неуморно ги искажува своите ставови и бара правда надлежните институции. Барањата остануваат исти - итна оставка и преземање на политичката и правна одговорност на целата влада на чело со Никола Груевски, поради, како што велат, неуставното, корумпирано и неетичко владеење.

Исто така, бараат итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму, но и формирање влада за демократизација на институциите и овозможување на фер и демократски избори.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе