Партиско соопштение

Движењето Беса оостанува во владината коалиција

Движењето Беса денеска преку соопштение извести дека оценува оти владиното мнозинство е стабилно и дека партијата е дел од тоа владино мнозинство. Продолжуваме напред со стабилна Влада по демократски и европски пат, нагласуваат од партијата.

Движењето Беса во првиот круг успеа да ги исполни очекувањата на Изборниот штаб на партијата и во вториот изборен круг влегува како апсолутен фаворит во општините Тетово и Желино, се вели во партиското соопштение.

„Воедно, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека владината калиција е стабилна без оглед на тоа што на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе. Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничкаце. Движењето Беса е дел од стабилното владино мнозинство. Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократски и европски пат.“, порачува Беса.

Инаку, најинтересна битка за градоначалничка функција ќе се води во Тетово, каде довербата на граѓаните ја бараат лидерот на Беса Биљал Касами и актуелната градоначалничка од редовите на ДУИ, Теута Арифи. И Беса и ДУИ се дел од владата на Зоран Заев.

Беса во Собранието има четири пратеници. Доколку Касами биде избран за градоначалник партијата ќе има тројца пратеници, бидејќи според листата на владејачката коалиција, на неговото место ќе дојде кадар од СДСМ.

 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе