Движењето Антикоцкање се закани со објавување на имиња на политичари поврзани со обложувалниците

Движењето „Атникоцкање“ се закани со протести пред Собранието на Македонија и пред Владата доколку не се одобри нов закон за игри на среќа кој потесно ја регулира работата на обложувалниците, а кој во собраниска процедура е заглавен уште од февруари, додека измените се и натаму во фиоките на Министерството за финансии. „Антикоцкање“ дополнително се заканува дека ќе објави имиња на политичари поради кои во „статус кво“ е целата процедура за отрстанување на обложувалниците подалеку од дофатот на децата и подалеку од верските објекти. 

„Се подготвуваме да ги откриеме сите, така да ги наречеме, газди, почнувајќи од политиката до најмалиот човек кој е инволвиран во тој бизнис. Ќе ги објавиме со име и преиме. Некои се во високата политика. Јавноста треба да ги дознае кои се тие луѓе. Во завршна фаза с подготовките за протест пред Владата и парламентот", рече Јуши Емерлаху, од движењето „Антикоцкање" со седиште во Тетово.

Според движењето, измените што ги претрпе предложениот закон не ги исполни нивните барања. Тие бараат казината да се оддалечат на 1,5 километар од градовите или целосно да се затворат, додека новиот закон налага да се поместат над 500 метри од училиштата и верските објекти.

Од движењето бараат токму законот со кој се регулира локацијата на обложувалниците да се испрати до Собранието на Македонија и ја обвинуваат Владата и Министерството за финансии за одолговлекување.

„Веќе неколку месеци законот седи во фиоките на Министерството за финансии и како да нема изгледи соодветно да се врати во парламентот. Затоа апелираме овој Закон итно да излезе во македонскиот парламент, како што е подготвен и кој регулира оддалеченост од над 500 метри во права линија. Иако не го прифаќаме овој закон, тој треба да се донесе во Собрание за да видиме кои се овие луѓе кои се против новиот Закон за затворање на казината во Македонија", додаде тој.

„Предлог законот беше разгледан на 34. седница на Комисијата за финансирање и буџет, која беше закажана за 9 февруари годинава, но оттогаш не е закажано продолжението на оваа седница. Предложениот закон не е вратен ниту во Владата ниту во Министерството за финансии", соопшти Министерството за финансии и вели дека одредбата за оддалеченост од 500 метри од образовните институции е со цел да се заштитат малолетните лица од коцкање и забавни игри за кои се даваат пари. Законот предлага и ограничување на местата за уплата во обложувалниците, како и ограничување на бројот на деловни простории на клубовите со машини кои се отвораат со издадена лиценца, како и утврдување на надоместок за секое ново платежно место, односно деловен објект за клубови со машини", велат од Министерството за финансии.

Здружението на обложувалници пак, пред извесно време реагираше на евентуалните законски измени со образложение дека нивното отстранување на над 500 метри од училишните објекти е еднакво на директно затворање.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе