За непочитување на законите

Две прекршочни постапки против Иванов, одлучи Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период. 

Указите беа објавени во Службен весник на 26.02.2019 година, што претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Од Антикорупциска појаснија дека Иванов со указ го унапредил актуелниот началник на Генералштабот Васко Ѓурчиновски во чин генерал-потполковник од генерал-мајор, но притоа не било постапено согласно одредбите од Законот за служба во Армијата, каде стои дека началникот на Армијата односно Министерството за одбрана (МО) спроведува постапка за унапредување и дава предлог до претседателот, што во случајот, како што е наведено во одговорот од МО до ДКСК, не е доставен. Според ДКСК тоа упатува на сомневање дека Иванов ги пречекорил своите законски овластувања и донел одлука без претходно спроведување на законски утврдената процедура. Со донесување и извршување на указот, велат од ДКСК, на Ѓурчиновски ќе му се исплатува зголемена плата, дејствие што е забрането во изборен период.

Со указите од претседателот Иванов со кои се поставува бригадниот генерал Орце Јордев за заменик-командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) и полковник Драган Ковачки за командант на Првата механизирана пешадиска бригада и полковник Бесник Емини за началник на Штаб на ЗОК, донесени по денот на распишување на изборите, ќе им се исплатува зголемена плата, дејствие забрането во изборен период. Со преземањето на овие дејствија претседателот Иванов сторил прекршување на одредбата од членот 8-а став 1 алинеја 2 за што и ДКСК донесе одлука за поведување прекршочна постапка.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе