Нови снимки

Две нови „бомби“ за Ден Дончев, „како од Македонија во Швајцарија се испумпани милиони евра“

Веднаш по почетокот на кампањата зачести објавувањето на аудио или видео снимки на разни јутјуб канали, а кои се однесуваат главно на актуелните политичари. Денеска се објавија две. По снимката за Мицкоски, доцна попладнево се појави нова верзија на разговори кои наводно ги води Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравство.

Две нови ауди снимки се објавија попладнево на јутјуб каналот со наслов „Како се крадат пари од Македонија – лекција 1 и лекција 2 од Ден Дончев родум Муртино“.

На снимките наводно се слуша гласот на Ден Дончев, како открива дека во последните три до четири години од Македонија во Швајцарија на нелегален начин се изнесени од 10 до 15 милиони евра.

„После јас седнав, го замолив Зоки, Зоки ми даде пас, па им пуштавме полиција, па после Медарски тоа, овоа, знаеш, сака да најде решение“, вели наводно Дончев во првата бомба во која тој тврди дека на незаконски начин биле префлени од Македонија, петнаесетина милиони евра без да се плати данок.

За што зборува Дончев и кога се случило тешко може да се заклучи, а претпоставки има многу. Од видеоматеријалот врз кој се монтирани аудиоснимките се алудира дека зборува Дончев за некакви здлеки за кои помош била добиена од Зоран Заев и адвокатот Филип Медарски. И од овој објавен материјал може да се слушне дека се сечени.

„Знаеш што е само работата значи, јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција веќе ми пукна филм ме мафтаа отидоа снимаа и има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажира Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна јас од друга страна… Имаат испумпано милиониски суми од тука ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име авторкси права…“.

На Јутјуб каналот наречен Лепливи раце пред четири дена се појавија три аудио и една видеоснимка. За овие снимки сомневањата се дека се поврзани со „Дијамед“. Во овој случај, според медиумите Дончев заедно со министерот Венко Филипче е осомничен за обидот да се одврати шведската компанија „Диаверум“ од купување на „Дијамед“.

Дончев демантираше дека аудио снимакта е поврзана всо „Дијамед“ и ги отфрли сите инсинуации и манипулации кои, како што вели, се со цел за негова политичка деградација. 

За видеоснимката од која се гледа дека наводно прима пари и ги става во торбата вели дека е од постар датум и е од приватен карактер. Дончев денеска за ова бил повикан на разговор во полициската станица во скопската општина Карпош.

Адвокатот Филип Медарски по објавувањето на овие снимки најави кривична пријата против пратеникот Антонијо Милошоски и рече дека тој немал никаква поврзаност со компанијата „Дијаверум“, туку разговорот се однесувал на негова професионална ангажираност во Тотал ТВ.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе