Две години по потпишувањето на Договорот од Преспа, МАНУ ќе прави научна анализа

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев, на одбележувањето на 53-годишнината од нејзиното основање денеска соопшти дека е нужно Академијата да иницира две активности – едната е поврзана со првото издание на Македонската енциклопедија и, како што рече, нејзино враќасње во библиотеката со сите недоследности и недоречености, а втората активност е МАНУ повторно да организира научна расправа за Спогодбата од Преспа од 2018 година.

Целта е научно и аргументирано да се зборува за нејзиното значење и повторно, по конференцијата на МАНУ во септември 2018,  да се проговори за различните толкувања на членовите на Спогодбата и за импликациите што тие ги имаат врз иднината на земјава. Тој посочи на претходни укажувања од научници и лингвисти за разлики во преводот од англиски јазик на Спогодбата во однос на категориите „државјанство“ и „националност“.

„Во англиската верзија, член 3б јасно разликува две категории: ‘националност’ и ‘државјанство’ (или граѓанин, жител). Уште повеќе, во англискиот член кај националност е наведен зборот „македонска“, а кај државјанство синтагмата „граѓанин на Република Северна Македонија“. Оттука, може да се констатира дека македонскиот превод нотира само една категорија. Во него е испуштена категоријата националност, а зачувано е само државјанството (граѓанин). Не навлегувајќи подетално во оваа тема, само би напоменал дека термините националност и државјанство не се синоними и имаат различни значења, истакна Коцарев.

Додадавајќи дека идентитетските прашања „не само што не се затворени, туку и понатаму грубо се отвораат“, како пример ја посочи официјална Софија која, како што рече, „инсистира да се избегнува користењето на терминот ’македонски јазик’ и настапува со критични тези за формирањето на македонската нација“.

„Ако за некои мислители не е спорен македонскиот идентитет и македонската етничка припадност, дали Спогодбата од Преспа (веќе) доведе до истребување, лишување на македонската националност? Дали со Спогодбата е доведен во прашање суверенитетот на нашата држава? Ова се само мал дел од прашањата за коишто МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа, водејќи сметка за достоинственото на сите, вклучувајќи ги и Македонците, рече Коцарев во обраќањето.

Осврнувајќи се на работата на Академијата во изминатата година, претседателот заклучи дека и покрај пандемијата и успешно ја спроведува обемната и богата работна програма. Во тек е реализација на 94 научноистражувачки и уметнички проекти од разни области, од коишто речиси половина се меѓународни вклучувајќи ги и билатералните проекти со академиите од регионот, пред сѐ со соседните БАН  и САНУ.

До донесувањето на мерките за заштита од корона-вирусот, МАНУ организираше и одржа четири настани и комеморативна седница за акад. Ратко Јанев, а во време на пандемијата промовираше четири капитални дела за македонскиот јазик. Богата е и издавачката дејност – досега се публикувани 23 периодични и посебни изданија  а се работи на подготовка за објавување на уште 15-ина изданија. Во завршна фаза е специјално стручно и современо колективно издание за македонската културна историја во коешто се вклучени над 20 истакнати личности од областа на историјата, историскиот дел на книжевната наука, историјата на уметноста, археологијата, класичните студии, фолклористиката…

На 9 октомври 1967 година е одржано Првото конститутивно собрание на Македонската академија на науките и уметностите, а еден ден подоцна таа е свечено  отворена. Претседателот на МАНУ денеска предложи Денот на Академијата да се одбележува на 28 октомври зашто во 1902 на тој датум е формирано Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург кое симболично е почеток на македонската современа научна мисла.

„Така, денес го славиме 53-тиот роденден на МАНУ, но предлагам, практика воспоставена во САНУ и БАН, на пример, веќе наредната 2021 година, на 28 октомври да го одбележиме 119-от роденден на МАНУ“, рече Коцарев.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе