КОНЕЧНО ОСПОРЕН ЧЛЕНОТ 175

Две години по иницијативата, уставните судии решија да поведат постапка за прислушувањето кај операторите

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 175 од Законот за електронски комуникации. Во овој член пишува дека телекомуникациските оператори на сопствен трошок треба да ги обезбедат „сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“.

Ова поведување постапка од Уставниот суд доаѓа две години по извештајот на Прибе во кој беше нагласена потребата од прецизирање на законските одредби за следење на комуникациите. Спорниот член во извештајот на Прибе беше ставен како можност за злоупотреба на прислушувањето.

Петмина од уставните судии сметале дека во членот 175 нема исклучително прецизна правна рамка за заштита на приватноста на граѓаните која е нивно загарантирано уставно право, а четворица од судиите сметале дека нема опасност оспорениот член да произведе злоупотреби со прислушувањето.

Образложението за овој изразен сомнеж во уставноста на овој член Уставниот суд ќе го донесе на наредната седница. Според процедурата, за ова потоа треба да биде известено и Собранието кое за 30 дена треба да даде одговор. По истекувањето на овој рок, судијата-известител поднесува предлог и нацрт-одлука за која судот треба да се произнесе.

Иницијативата за уставноста на овој член беше поднесена во 2015 година, откако беа објавени првите прислушувани материјали.

Членот 175 беше воведен со измените на Законот за електронски комуникации од почетокот на 2014 година. Претходно, во септември 2012 година, беа донесени измени на Законот за следење на комуникациите, со кои беше избришан членот 2 од законот, кој предвидуваше дека „никој не смее без наредба на надлежен суд да врши следење на комуникациите, освен ако му се наменети или постои согласност на лицето или лицата кои се вклучени во комуникацијата“.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе