Утре и задутре во Брисел на средба со Нимиц

Двајца професори во преговарачкиот тим за името

Професорот по меѓународно право Тони Десковски и професорот на универзитот на Југоисточна Европа, Ветон Љатифи, најверојатно ќе бидат дел од преговарачкиот тим на амбасадорот Васко Наумовски, кој утре ќе патува во Брисел каде по подолга пауза ќе продолжат разговорите со посредникот на ОН за името Метју Нимиц.

И премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров најавија дека во тимот на Наумовски ќе има и други лица и дипломати, но засега никој официјално не соопшти кои утре заедно со посредникот ќе патуваат во Брисел.

Утре и задутре, освен професорите, член на преговарачкиот тим најверојатно ќе биде и уште еден висок дипломат од МНР. И неговото име засега никој официјално не го соопштува.

Пред два дена премиерот Заев одржа координативен состанок со амбасадорот Васко Наумовски пред почетокот на новиот циклус состаноци со медијаторот Метју Нимиц. На консултативната средба и координација присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„На оваа средба е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција“, соопшти Владата.

Присуството и на Османи и евентуалното патување на Љатифи утре во Брисел веќе се толкува како исполнување на дел од барањата во Тиранската платформа за „вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција“.

И од грчка страна веќе се создава атмосферата дека оваа промена на климата во двете земји е голема шанса за решавање на овој децениски спор. 

Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, утре и задутре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, очекува позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија во 2018 година доколку, како што вели, Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред.
„Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение. Во таков случај јас ќе бидам првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја“, порача Ципрас вчера од Белград по средбата со негвоите колеги од Србија, Бугарија и Романија.

Оптимизам дека спорот конечно може да се реши искажаа и американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји и еврокомесарот Јоханес Хан. Ји смета дека прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение. Хан, пак, изјави дека очекува во првата половина на 2018 година да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ. Како прилог кон тоа, Ји и Хан, ги нагласуваат подобрените политички релации меѓу Скопје и Атина.

Добра волја за решение кај двете страни гледа и медијаторот Нимиц, кој во изјава за Независната Балканска новинска агенција - ИБНА, изрази и надеж дека ќе бидат надминати и т.н. црвени линии поставени од Атина и Скопје.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе