Дваесет години од загинувањето на десет резервисти од Прилеп кај Карпалак

Утрово делегации од Прилеп и Собранието на Македонија заминаа кон месноста Карпалак за да им одадат почит на десетте прилепски резервисти, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на Армијата, кои во воената 2001 година од заседа беа убиени. Синоќа, во име на Владата цвеќе на споменикот во Прилеп положи надворешен советник на премиерот.

Членови на семејствата, преживеани резервисти, претставници на град Прилеп заминаа кон месноста Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово, за да им оддадат почит на загинатите резервисти.

Делегации ќе ги посетат вечните почивалишта. а во 10 часот во црквата „Света Петка" во прилепската населба Точила ќе се одржи панихида за загинатите. На пладне е централното чествување пред споменикот „Карпалак" во центарот на Прилеп.

На централното чествување цвеќе ќе положи делегација на Собранието на Македонија, составена од пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска и Петар Ристески. додека пред спомен - плочата на Карпалак цвеќе ќе положат пратениците Марија Георгиевска и Александар Велјановски.

Чествувањата почнаа синоќа пред спомен-обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев" каде делегации положија цвеќе.

Синоќа беше соопштено дека во име на Владата надворешниот соработник за одбрана на премиерот, Драган Василевски, положил цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев" во Прилеп како и на спомен обележјето во село Лениште. Потоа овој владин надворешен претставник го посетил манастирот „Св. Петка", каде се одржала вечерна богослужба.

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе