Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Дурловски се повлекува од пратеничката функција, останува посветен на борбата за правда на неправедно прогонетите

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, напиша пред малку Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на колегите од коалицијата „За обнова на Македонија“ им посака истрајност, доследност, мудрост, „којашто сум сигурен дека ја имаат“.

„Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас. Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба“, напиша Дурловски на својот фејсбук-профил.

 

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе