Апсурдни резултати од истражување

Дури седум радија во државата имаат нула посто слушаност, утврдила новата агенција, избрана од АВМУ

Компанија која е регистрирана како друштво со oграничена одговорност на едно лице и не е ДДВ обврзник, која ланската година имала промет од 2,8 милиони денари, го доби тендерот за истражување на македонските радио и телевизиски станици, објави ММС.

Компанијата „Сегмент рисрч“ ДООЕЛ Скопје, го наследи бизнисот на агенцијата за истражување „Индаго“ и тоа по двојно пониска цена. Претходниот договор што АВМУ го склучила со „Индаго“ за мерењата во 2020 година изнесувал 892.080 денари, додека новиот договор со „Сегмет“ за 2021 година е со двојно понизок износ од 453.120 денари. За овој износ од 7.300 евра годишно, оваа агенција со двајца вработени, треба да спроведе истражување четири пати и да ги објави извештаите во предвидениот рок.

Првиот извештај од добивањето на тендерот, новиот соработник на АВМУ,„Сегмент“, го изработува само еден месец откако го потпишала договорот на 15 март 2021 година. Во тие 30 дена, оваа компанија требало да го собере тимот на теренски истражувачи, да ги обучи, спроведе анкетите, обработи и да ги објави на 15 април.

Резултатот од истражувањето предизвика штета кај радиостаниците, прво преку откажување на рекламите од страна на клиентите откако овој извештај покажал, на пример дека има радио станици со нула слушаност, што е голем апсурд. Од медиуми, кои имаа повеќе илјадна публика, овој извештај на „Сегмент рисрч“, евидентира 0% слушаност на Спортското радио, исто како и на Скај радио, кое во Скопскиот регион, според извештајот на претходната агенција „Индаго“ што го работеше истот ваков извештај беше на четвртото место. Истражувањето од првиот квартал покажува апсурндности на тие на кои укажува Спортско радио, кое било послушано од жените отколку од мажите, кои биле само со 33% од публиката.

Дури седум радија се со 0,0% слушаност. Скај радио, кое е едно од нив, направило своја математичка пресметка, по што им се појавило соменевање дека се манипулира со бројките. Сопственикот Теодор Манески го сподели впечатокот дека истражувањето се прави на многу мал број на испитаници и на крај само се мултиплицира.

Ваквите податоци, како што се додава во анализата на ММС, нанесуваат огромна штета на медиумите, особено што огласувачите, како единствено достапно мерење, резултатите ги земаат во предвид при донесувањето на одлуката каде да се рекламираат и го распоредат буџетот за огласување. Притоа, за огласувачите не е познато дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) нема утврдено одделна методологија за вршење на овие мерења, тука само се повикува на делот од законот за АВМУ, каде пишува: „Агенцијата е должна да спроведува јавни истражувања и анализи“ (чл.9 Закон за АВМУ).

Во одговорот до Канал 77, ААВМУ одговара дека квалитетот на истражувањето на ова специфично мерење го базира на „истражувачки кодекси усогласени со методоолошки стандарди во општествените науки“. Нема специфичен документ – методологија, но сериозноста на ова истржување се гледа во тоа што Агенцијата ја сместува во јавната набавка, каде набележува што очекува од спроведувачот на работата.

„Истражувањето ни прави штети, особено што многу странски фирми со големи буџети бараат некакво истражување за да го распределат буџетот и маркетингот. Од Македонија велат – да, ние знаеме дека сте многу слушано радио, меѓутоа, странците велат – според истражувањето, таму не може да оди реклама и ќе оди на пример, на првите три или четири. Ни прави финаиски штети, како не ни прави“, вели Манески од Скај радио.

Радијата веќе укажуваат и на откажување на некои договори. Амир Кадри од Радио Вати, кое емитува програма на албански јазик за регионот на Скопје, укажува дека ова во време на пандемија е дополнителен економски удар.

Првите луѓе на оштетените радија сметаат дека неопходна е промена во методологијата на кое се прави ова истражување, особено што има нелогичности. Кузмановски од Спортско радио, како илустрација на ова го додава фактот дека 3,1% од испитаниците рекле дека слушале спортска програма на радио, а специјализираното спортско радио, исто така според ова истражување, има 0,0% публика. „Како е можно“, се чуди Кузмановски.

Истражувањето на досегот нарачано од АВМУ е едно од двете истражувања на гледаноста и слушаноста на електронските медиуми – првото за кое до сега зборувавме, е мерење на досегот на радио и тв станиците и тоа е единствено за сто радио и тв станици. Поскапото и посложеното според АВМУ, што во исто време маркетинг агенциите го сметаат за далеку поверодостојно, е мерењато на гледаноста, но само за пет комерцијални телевизии – Канал 5, Сител, Алсат, Алфа и Телма и на јавниот сервис МРТВ преку пиплметри. За ова мерење АВМУ има објавено и посебно Упатство за начинот на мерење, донесено во 2014 година и дополнето во 2015 година. За сериозниот пристап, говори документот на шест страни со утврдена методологија, начин на избор на агенција за мерење, квалификации и други детали. Формиран е и посебен Комитет, кој го сочинуваат претставници на телевизиите, огласувачите преку маркетинг агенциите, асоцијација на огласувачи и ААВМУ. Сите издвојуваат средства да се спроведе.

Упатството дефинира при изборот на компанијата која го врши истражувањето, услов е минимум пет години искуство на домашен пазар и две години на европскиот пазар. Во случајот со другото мерење на останатите медиуми, тој услов не е дефиниран. Дури и последната избрана компанија за мерење на досегот, „Сегемент“, е сосема нова компанија, формирана на 04.07.2018 година (Тековна состојба, Централен регистар). Во системот на јавни набавки, покрај набавката од ААВМУ, има добиено само уште една набавка – од Агенцијата за пошти. Лани (2020) работела со загуба од 716.049 денари (Завршна сметка, Централен регистар).

Од АВМУ велат дека истражувањето на петте приватни телевизии преку пиплметри бара специфична и многу скапа техничка опрема и ангажирање на голем број на вработени со специфични познавања и стручност во оваа област.

Дали според овој одговор, може да се заклучи дека другото мерење на сите останати медиуми преку досегот на радио и тв станиците се смета за помалку важно? Ова од аспект на фактот дека „Сегмет“, како нова компанија на пазарот, успеала за еден месец од 15 март 2021 година, кога е потпишан договорот со АВМУ, да го собере тимот, да го обучи, да го спроведе истражување за над сто медиуми, да ги обработи податоците и на 15 април да ги објави.

Нема директен одговор на прашањето кое од овие две мерење АВМУ го смета валидно и согласно законот, освен дека и тоа за Досегот на сто радија и телевизии, што оваа година е обврска на „Сегмент“, е согласно законот.

На прашањето, дали АВМУ согласно законот го следела истражувањето, од Агенцијата одговорија дека тоа како набавувач може да присуствува нејзин претставник, но поради пандемијата со ковид-19, констатирала дека не постои реална потреба. Сепак, АВМУ одговара дека за точноста на податоците содржани во извештајот, „целосно е одговорен носителот на навбавката, односно „Сегмент ресеарцх““.

Во отсуство на специфично утврдена методологија и упатство за мерење, компанија, формирана како Друштво со ограничена одговорност на едено лице, сосема нова пазарот, ја одредува економската позиција на пазарот на над сто медиуми во државата, и тоа во сосема специфично време на пандемија, се додава во анализата. За разлика од петте големи телевизии, што држат две третини од медиумскиот буџет, овие стотина медиуми не можат да направат споредба со друго мерење на гледаноста и слушаноста. Тие целосно зависат од тоа дали одредена маркетинг агенција или клиент ќе поверува на извештајот што го спроведува таа мала компанија, која со 2.500 евра од мерење, ја крои судбината тие сто радија и телевизии. Притоа, АВМУ, без специфично пределени услови и методологија, целата одговорност за точноста на податоците, ја префрла на таа компанија.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе