Заминува во друго министерство

Дураки поднесе оставка: Вложивме знаење и способност за заштита на животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, бидејќи е предложен за министер за новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата, како и на претставниците во Собранието за искажаната доверба и за доделената чест да придонесам во подобрување на состојбата во животната средина во Република Северна Македонија”, пишува Дураки во оставката упатена до премиерот Зоран Заев.

Тој додава дека додека ја извршувал функцијата се соочил со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. 

„Според сегашната состојба, некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап”, пишува Дураки.

Тој смета дека некои проекти спроведени за време на неговото раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина но, за жал, „во некои области од животната средина сѐ уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“.

Во оставката Дураки пишува дека МЖСПП располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе