Предвремени парламентарни избори

ДУИ: Три години нула данок за секој нововработен под 35 години

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец Насер Зибери, во паркот Чаир денеска оствари средба со младите каде ги откри младинските политики и заложби за првите 100 дена како премиер.

„Јас сум тука за вас младите, а клучниот дел од мојата програма претставена за првите 100 дена е зајакнување на економијата и создавање можности за вас, и ова го испланирав преку серија мерки. Првично, ќе го намалиме на нула персоналниот данок за три години за секој кој за прв пат се вработува под 35-годишна возраст “, истакна Зибери.

Тој додаде дека Владата ќе субвенционира 50% од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место, што ќе ја подобри нејзината правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватни претпријатија.

„На овој начин, албанската младина ќе има повеќе можности за работа во земјата, повеќе можности за попросперитетна иднина, како и можности да се чувствуваат професионално реализирани овде во земјата.

Инвестирајте во вашите студии, затоа што со започнувањето на преговорите со ЕУ, ќе имате многу можности да придонесете во многу различни области, а во блиска иднина, како земја-членка на Европската Унија, ќе имате пристап до позиции на кои се носат одлуки. Не само во нашата земја, туку и во круговите каде се носат одлуки на Европската Комисија. Она што нашата генерација мораше да го постигне преку војна, вие можете едноставно да го постигнете преку вашиот глас на 15 јули“, истакна Зибери.

Меѓу заложбите кои се преземаат за младите луѓе, Зибери ја истакна важноста за отворање стручни училишта во секоја општина и создавање Фонд за унапредување на знаењето, поддршка за иновации и деловни вештини кај младите.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе