ДУИ со осуда за протестот во Тетово: Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени

ДУИ најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на денешниот протестен марш во Тетово, реагираат попладнево од владејачката партија.

„Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори. Демократската Унија за Интеграција ги повикува политичките опоненти да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата. ДУИ исто така го осудува вербалното родово насилство и бруталните пароли што беа користени од страна на организаторите. Демократската Унија за Интеграција, ја осудува и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права“, стои во реакцијата на ДУИ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе