Граѓаните на оваа држава не подлегнаа на измамите, провокациите, конфузијата и не ги поддржаа протестите кои имаа за цел да ја вратат државата наназад, по сите заеднички достигнувања, наведува ДУИ и додава дека патување кон Европа ќе оди заеднички, со достоинство и целосен демократски капацитет.
„Ја имаме поддршката на сите земји од Европа и на Соединетите Американски Држави, со кои успешно ги поминавме сите предизвици за демократизација на земјата. Демократската унија за интеграција остана силно ангажирана во реализацијата на оваа цел за одблокирање на евроинтегративниот пат заедно со коалициските партнери и ќе продолжи да биде дел во прогресивниот табор во секој неопходен процес до целосното остварување на сонот за интеграција на земјата во Европската Унија“, се вели во ова соопштение.