ДУИ: Победи рационалноста, се зачуваа европските корени на земјава

Демократската унија за интеграција преку соопштение ја поздрави историската одлука за прифаќање на францускиот предлог донесена од страна на Собранието на Македонија и оцени дека сега се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, освен онаа за интеграција во Европската Унија. Денеска триумфираше рационалноста, се зачуваа европските корени на земјата и беа поразени деструктивните обиди на регресивните проруски сили, наведува партијата чии пратеници за време на собраниската расправа се воздржаа од дискусии.

Граѓаните на оваа држава не подлегнаа на измамите, провокациите, конфузијата и не ги поддржаа протестите кои имаа за цел да ја вратат државата наназад, по сите заеднички достигнувања, наведува ДУИ и додава дека патување кон Европа ќе оди заеднички, со достоинство и целосен демократски капацитет.

„Ја имаме поддршката на сите земји од Европа и на Соединетите Американски Држави, со кои успешно ги поминавме сите предизвици за демократизација на земјата. Демократската унија за интеграција остана силно ангажирана во реализацијата на оваа цел за одблокирање на евроинтегративниот пат заедно со коалициските партнери и ќе продолжи да биде дел во прогресивниот табор во секој неопходен процес до целосното остварување на сонот за интеграција на земјата во Европската Унија“, се вели во ова соопштение.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе