Порака до граѓаните и албанската опозициска коалиција

ДУИ: Одложувањето на пописот можност за попишување на целата дијаспора

ДУИ им порачува на граѓаните дека со одложувањето на пописот за наесен е дадена можност самопопишувањето на дијаспората да продолжи сѐ до 30 септември и ги уверува дека одложувањето е добро и поради здравствената криза. Партијата ги потсетува Алијанса и Алтернатива дека самите бараа од истите причини пописот да биде пролонгиран и ги повика да бидат искрени и да престанат да ги манипулираат Албанците.

Демократската унија за интеграција смета дека предлогот за пролонгирање на онлајн регистрацијата на дијаспората од 1 март до 30 септември го помага пописниот процес и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата дијаспора, соопшти ДУИ.

Партијата нагласува дека имајќи ги предвид бојкотот на опозицијата, оспорувањето на процесот на попис, блокадата на Собранието, започнувањето на имунизацијата на населението, како и имајќи го предвид јавното здравје, пролонгирањето на Пописот за резидентните жители на Македонија за септември претставува правилна и правична одлука.

„Контрадикторните реакции на албанската опозиција зборуваат за нивната недоследност и искреност кон граѓаните. Албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) манипулираат со чувствата на Албанците од Република Северна Македонија и нашата дијаспора за профитирање на дневни политички поени", нагласуваат од ДУИ.

Партијата потсетува дека преку неколку амандмани предложени од пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива, се бараше пролонгирање на пописот за одределен период, односно имаше амандман за месец мај, поврзувајќи го тоа со здравствената криза предизвикана од ковид-19.

„Истите партии, откако вчера беше најавено пролонгирање на процесот на попис на населението, денеска преку нивните претседатели, Зијадин Села и Африм Гаши, се спротивставуваат на сопствените амандмани и предупредуваат на блокирање на целиот процес. Ова е само еден доказ повеќе дека тие се будат наутро со една идеја, а денот го завршуваат со крајно спротивни ставови", се вели во соопштението на ДУИ.

ДУИ им испраќа порака на граѓаните дека даваа поддршка процесот на регистрација да се одржи од 5 до 30 септември годинава, а истовремено ја повикува дијаспората да продолжи да се регистрира на онлајн платформата која останува отворена сѐ до 30 септември.

Секој досега регистриран граѓанин и секој koj ќе се регистрира до 30 септември ќе се вброи во рамки на пописот, нагласуваат од ДУИ.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе