Заев: ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови, jас сум ја докажал мојата почит кон Албанците

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се огласи на својот Фејсбук профил во врска со аудио материјалите објавени денеска на Јутјуб.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери“, напиша Заев на Фејсбук.

Вели дека не само со зборови, туку и на дело ја покажал и ја докажал својата љубов и почит кон Албанците.

„Го донесовме Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство“, напиша Заев.

Натаму Заев наведува дека целата јавност имала можност да слушне дека тој не го изговара никаде тој збор што е навредлив, како што вели, за моите сограѓани Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор.

„Ваквите ниски и очајни обиди само ме охрабруваат уште посилно да дејствувам за концептот едно општество за сите, чиј предводник сум. Ќе продолжам тоа да го правам и понатаму, со достојна почит кон сите мои сограѓани од сите етнички заедници. Објавата на оваа срамна манипулација уште еднаш докажува дека глас за ДУИ е глас за Мицкоски и Груевски“, додава Заев во написот на Фејсбук. 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе