ДУИ на утрешната средба со челниците од албанскиот политички блок планира расправа за Зaедничката декларација

Демократската унија за интеграција денеска предложи дневен ред за утрешната зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок повикана од претседателот на партијата Али Ахмети. Зијадин Села и Африм Гаши прифаќаат средба,ама од понеделник.

Од ДУИ велат дека дневниот ред може да биде дополнет и изменет со предлози од сите учесници за време на заедничката средба. Тие го предлагат следниот формат за учество: претседател плус двајца соработници.

„За состанокот в четврток, со почеток во 12 часот, ја предлагаме следната агенда: Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат; Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со Заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели и разно“, се вели во партиското соопштение.

Демократската унија за интеграција, се посочува во партиското соопштение, останува достапна и отворена за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што се вели, ќе се договориме заеднички на утрешната средба.

Воедно, ДУИ  им се заблагодарува на сите албански парламентарни партии за коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози за оваа, како што велат, многу важна средба и поздравена од сите Албанци.

Со соопштение се јавија и претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши. Тие се согласуваат со една таква средба, ама бараат дневен ред и предлагаат таа да се одржи кога било после 17 август.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе