Во Мала Речица

ДУИ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори

Членовите на Централното претседателство на ДУИ на вечерашната седница во партиското седиште во тетовска Мала Речица едногласно донеле одлука партијата да оди со свој кандидат на претстојните претседателски избори, информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Османи кажа дека ова било првата точка на вечерашната седница на Претседателството, но највисокото партиско тело на ДУИ одлучило и да го овласти нивниот претседател Али Ахмети да разговара и со политичките партии на Албанците, но и со другите политички партии од другите етнички заедници за заеднички кандидат доколку се создадат услови за тоа.

Според Османи, во продолжение на седницата ќе се разговара за внатрешното организирање на партијата и за други актуелни теми за политичката состојба во земјата, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе