ДУИ кампањата за локалните избори ќе ја започне и ќе ја заврши во Гостивар

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), кампањата за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври ќе ја започне од Гостивар, соопшти на денешната прес-конференција, Крешник Бектеши.

„Кампањата за локалните избори ќе почне в понеделник токму од Гостивар затоа што го слушнавме гласот на граѓаните на Гостивар кои бараат промена во општинската администрација и ослободување од кучињата скитници, казината, чадот од Русино, густиот сообраќај, недостаток на паркинзи и од неспособноста на Таравари”, рече Бектеши и додаде дека во текот на кампањата во сите градови, општини и населени места ќе ги претставаат кандидатите за градоначалници и опшинските совети.

Тој ги повика сите учесници на изборите да спроведат мирна, демократска и позитивна кампања и сите да ги искористат 20/те денови за подобра презентација на изборните програми.

„Пцовките и навредите не треба да бидат дел од кампањата на учесниците на овие избори. Но, кампањата треба да се спроведе во духот на демократијата и меѓусебното почитување, бидејќи само на тој начин ќе покажеме политичка зрелост и ќе ги докажеме нашите европски стандарди”, рече Бектеши.

ДУИ, како што кажа, на локалните избори ќе настапи со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници со пет завети како столбови на нивната платформа: Зелена агенда, Дигитална агенда, Агенда за вклучување на граѓаните, Агенда за отворени врати и Агенда Нулта толеранција. 

Бектеши уште најави дека ДУИ, не само што ќе ја почне, туку и ќе ја заврши кампањата во Гостивар, за да има кажат на гостиварци „дека се заедно во битката за ослободување на градот од неспособната администрација на Таравари и ВМРО-ДПМНЕ”.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе