Локални избори

ДУИ ја почна кампањата во Гостивар, Ахмети најави нова страница

Со овој тим засилен со стручни луѓе од нивните области, за кој ќе гласаме на 17 октомври отвораме нова страница и со нив започнува третата декада со победи. Со овие зборови Али Ахмети лидерот на Демократската унија за интеграција ги претстави кандидатите за градоначалници во кои ќе настапат на претстојните локални избори.

На предизборниот собир во Гостивар под мотото „Одбери живот, гласај зелено“, на кој присуствуваше целото потесно раководство на партијата и членството од околните општини, беа промовирани и видеоспотовите за овие избори.

Ахмети нагласи дека и овој пат имаат понуда која ќе им биде од корист на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

„Работиме посветено за да ја направиме земјата подобра од вчера. Да имаме почиста животна средина, поздрав живот. Така, на 17 октомври не само оние што гласаа за ДУИ, така и сите граѓани во Република Македонија, не само Албанци, туку и Македонци, Турци, Бошњаци, Срби треба да гласаат за агенда која е смела и го штити здравјето на сите. Ние ја имаме најдобрата понуда“, рече Ахмети.

Тој потсети дека во изминативе изборни циклуси оствариле многу и дека како партија ја заслужуваат поддршката за уште изборна победа, бидејќи како што рече тоа што се нуди е изработено од експерти.

„Кога на нашиот роденден на 5 јуни се прашуваа кој ќе биде следниот дострел излеговме со јасна платформа на парламентарните избори со албански премиер. Сега излеговме со силна платформа „зелена агенда, агенда за живот“. Таа агенда бара знаење, внимание, експерти. Како што верував дека ќе има албански премиер, така и оваа агенда ќе се оствари“, потенцира Ахмети.

Тој ги истакна судските реформи, ветингот, борбата против корупцијата и криминалот…, а најави и решение за проблемот со Бугарија.

Во Гостивар се обрати и актуелниот претседател на собранието Таљат Џафери и координатор на изборите во шестата изборна единица.

„На овие избори ќе се занимаваме со самите себе, а не со противниците. Тоа пренесете им го и на останатите. Со противниците ќе се занимаваат граѓаните, кои знаат да проценат праведно“, рече Џафери.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе