Партиска реакција

ДУИ: Изминатите години го олеснивме добивањето на државјанства, неточни се тврдењата на опозицијата

Демократската унија за интеграција соопшти дека се неточни тврдењата на опозициските Алијанса и Алтернатива за бројот на лица кои не поседуваат документ за македонско државјанство. Бројот на Албанци кои се во процедура за добивање на државјанство не е поголем од 1.300 лица, а тоа е резултат на долгогодишни заложби на ДУИ за менување на законските одредби, велат од партијата и нагласуваат дека за 30 години над 40 илјади Албанци добиле државјанство.

ДУИ вели дека во 2004 година беше изменет Законот за државјанство, со кој се овозможи добивање на државјанство преку поседување на документ, без разлика дали станува збор за свидителство или сметка за платени режии, а условот наместо 15 години бил намален на само 8 години. Во 2008 година со законски измени создадени беа можности граѓанин кој не е осуден или до една година затвор, да може да аплицира и да стекне право за државјанство.

„Во 2011 година повторно го изменивме Законот за државјанство. Ова им овозможи на граѓаните да можат да поднесат претставки пред Управниот суд ако сметаат дека Министерството за внатрешни работи неосновано ги одбило, односно го одбило нивното барање за стекнување со државјанство. Во текот на 2016 година, Законот за државјанство беше повторно изменет, секогаш во корист на граѓаните кои во тоа време чекаа за државјанство. Со оваа промена ги задолживме службените лица на МВР поефикасно и побрзо да обезбедат докази за исполнување на условите за лицата кои чекаат државјанство. Пред две години го усвоивме Законот за Агенцијата за национална безбедност, со кој ја реформиравме Управата за безбедност и контраразузнавање, што беше една од најголемите потешкотии за добивањето на државјанството, а на инспекторите од Управата за безбедност им беа одземени овластувањата, додека новиот кадар на оваа институција беше избран преку процесот на Ветинг", наведува ДУИ.

Партијата вели дека сега граѓаните кои чекаат за државјанство имаат пристап до документацијата со податоците собрани и обработени за нив од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање, за да можат точно да видат до каде е нивната постапка.

На крајот, од ДУИ нагласуваат дека во постапка за стекнување со државјанство се 2.674 лица од кои помалку од половина се Албанци.

„Од независноста на државата во последните 30 години, вкупно 43.321 Албанец се стекнал со државјанство, а само 3.374 од нив се одбиени.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе