ДУИ: Инцидентот е инсцениран од активистите на коалицијата Алијанса-ВМРО-Левица

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва го осуди инцидентите на, како што ги нарече, антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.

„Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, Левица и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција, бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.

Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО-ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална хигиена во Скопје”, пишува во партиското соопштение.

ДУИ повикува на смиреност и непоттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.

„Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа”, додаваат од ДУИ.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе