Не сакаат една изборна единица

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со над 6.000 амандмани против предлогот на СДСМ за измени на изборниот законик

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува на ставот дека нема пречка изборите во април да се одвиваат во една изборна единица, а коалицискиот партнер ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ го „затрупаа“ Собранието со над 6.000 амандмани на измените на Изборниот законик.

Пратеничката група на ДУИ поднела над 5000 амандмани на измените на Изборниот законик, а пратеникот Артан Груби вели дека едностраните измени на изборното законодавство пред избори се опасен преседан со последици кои во моментов не можат да се проценат.

„ДУИ се за измени на изборното законодавство, но не пред избори и со квалитетни преговори меѓу партиите со цел да се дојде до консензуално решение“, изјави Груби.

ВМРО-ДПМНЕ има сличен став, но помалку амандмани. Пратениците од опозициската партија поднеле вкупно 1.200 амандмани и тоа 600 на предлог законот за изборен модел и 600 на предлог законот за изборни листи.

Според пратеникот Антонио Милошоски, целта на амандманите е да се покаже дека за изборните закони треба поширок политички консензус и да не се одлучува на два месеци пред распуштањето на Собранието. Како што изјави за МКД.мк, неговиот став е дека ако во СДСМ имале искрена намера ќе предложеле измени на изборните закони во 2017 или 2018 година па ќе имало време за тоа да се разговара и да се најде решение.

„Со ова СДСМ си го пере образот. Знаат дека нема да поминат предлозите, но ќе имаат оправдување пред оние што ги поддржале“, ни изјави Милошоски.

Извори од СДСМ, пак, велат дека синоќа на состанок го дефинирале ставот дека нивна определба останува изборите да се одвиваат во една изборна единица и дека на нивните листи жените ќе бидат 50 проценти застапени.

На денешната седница се предложени два предлог закони за измени и дополнувања на Изборниот законик. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници, додека вториот предлог-закон се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници. Во вториот предлог исто така се предвидува замена на родовата квота од 40% со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе