ДУИ: Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори 27 април, 2017

Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието.

„Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија.

Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција.

Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните.

Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас“, се вели во реакцијата на ДУИ. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе