ДУИ ги повикува сите граѓани да се попишат

Демократската унија за интеграција апелира до граѓаните активно да се вклучат во пописниот процес, којшто, според партијата, е суштински и значаен за државата.

„ДУИ се погрижи законот за попис на населението да биде сеопфатен, без ниту една забелешка, за сите фази низ кои поминува овој важен статистички процес. Со законот се обезбеди можноста секој граѓанин да се попишува, брои, да се види. Конечно, како и целиот развиен свет и ние како држава ќе ги имаме потребните информации кои навистина се клучни за изработка на плановите и проектите кои се потребни пред сѐ за нас граѓаните и за самата држава“, изјави на прес-конференција, Агим Нухиу.

Според него, во овој период најважно е да се реализира пописот со почитување на највисоките стандарди за заштита од вирусот ковид-19, а здравствените институции ги имаат изработено правилата кои се задолжителни во текот на процесот на попишувањето.

„Сите институции во државата и самиот Завод за статистика даваат цврсти гаранции дека процесот на попишување се реализира според предвидувањата. Вратите на нашите домови се отвораат без никаков сомнеж. Граѓаните се попишуваат.

Ние повикуваме да се попише и последниот граѓанин, бидејќи пописот којшто ќе трае до 30 септември е најголемиот патриотски чин во овој период“, рече Нухиу.

Тој потсети дека за прв пат дијаспората се попишува користејќи ја опцијата за електронско попишување и тој процес продолжува без никаков прекин. Нухиу ги повикува сите оние кои досега не се попишале да го направат тоа во овој период.

 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе