Според резултатите објавени на страницата на Државната изборна комисија, ДУИ води во уште десет општини и ќе се бори во вториот круг со противкандидатите од Беса, Алијансата за Албанците и СДСМ.
Во Липково ДУИ, со освоени 48,97% води пред Беса која доби 22,70%, во Сарај, ДУИ има 48,24%, а Беса 27,76%, во Желино резултатот меѓу ДУИ и Беса е изедначен-43,90% спрема 43,57%, во Теарце ДУИ има 29,86%, а Беса 23,44% и во Тетово ДУИ освои 33,18 отсто од гласовите, а Беса 21,93 отсто.
Алијансата за Албанците ќе биде противник на ДУИ во вториот изборен круг во Боговиње, каде што кандидатот на ДУИ доби 33,99%, а на Алијансата за Албанците 27,77%, во Врапчиште, каде што ДУИ има 35,06%, а Алијансата 31,10, во Гостивар, каде што резултатот е 35,55% спрема 34,10% во корист на ДУИ и во Дебар каде што ДУИ има 39,93 отсто од гласовите, а Алијансата за Албанците 34,10 отсто.
Во Долнени, во вториот изборен круг кандидатот на ДУИ кој доби 34,06 отсто гласовите ќе се соочи со кандидатот на СДСМ кој во првиот круг освои 26,28 отсто од гласовите.
Во Струга во водство е Зијадин Села од Алијанса за Албанците, со 30,24 проценти, а ДПА води во Студеничани со 34,62 проценти од гласовите.