Предвремени парламентарни избори

ДУИ е за нова двојазична химна

Eден од врвните приоритети на првиот премиер Албанец ќе биде усогласување на државните симболи, особено на химната на нашата земја, најавува ДУИ.

Според партијата, химната треба да претставува репрезент и на мултиетничкиот состав на населението. Тоа би значело вклучување и на дел од културното наследство и традицијата на Албанците во рамките на химната, како и употреба на албанскиот јазик соодветно на учеството на Албанците во заедничкото општество.

„Онака како што со имплементацијата на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се гради надворешната интеграција на земјата, така и со заокружување на општествената рамка од Охридскиот договор, ќе ја засилиме и внатрешната интеграција и ќе го зацврстиме унитарниот карактер на земјата. Зајакнување на довербата меѓу народите, како и унапредување на меѓуетничките односи претставува клучниот темел на кој се гради мултиетничкото општество на Република Северна Македонија, и токму затоа еден од нашите приоритети во следниот мандат ќе биде целосното  интегрирање на Албанците, на албанската традиција, култура и јазичен израз во сите сфери на општественото живеење“, се наведува во соопштението од ДУИ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе