ДУИ бара шефот на новото обвинителство да се бира со Бадентерово мнозинство

Пратеничката група на ДУИ бара шефот на новото обвинителство за организиран криминал и висока  корупција да се избира со двојно или Бадентерово мнозинство, иако со новиот предлог-закон што го подготви владата е предвидено оваа постапка да оди преку Советот на обвинители, а не преку Парламентот.

Во однос на предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да биде прв човек на новото обвинителството, претеникот Артан Груби вели дека немаат резерва кон ниту една личност.

„Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител“, изјави Груби.

Тој појасни дека барањето за Бадентер го темелат на претходното решение кога специјалната обвинителка Катица Јанева беше избрана со двојно мнозинство, ама во Парламентот, согласно со посебниот Закон за СЈО, кој сега би бил „суспендиран“, со очекуваното влегување на оваа институција во редовното обвинителство.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе