ДУИ апелира за попис на сите граѓани

Демократската унија за интеграција апелира до граѓаните да се регистрираат сите, бидејќи ова е многу важен процес за целата земја.

„Преку овој процес на попис, кој се реализира по многу години, покрај бројките што ќе ја покажат реалноста во земјата во етнички и граѓански состав, ќе покажеме пример и вредности и во регионот.

Како граѓанска обврска треба да се почитува од сите, затоа, уште еднаш, ДУИ апелира оваа обврска да се исполни од сите граѓани.

Во исто време, Демократската унија за интеграција бара сите граѓани од дијаспората што не ја исполниле оваа обврска да го прават тоа сѐ додека трае рокот за регистрација.

Регистрирајте се затоа што сите ние вредиме!“, порача ДУИ.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе