По одлуката на УНЕСКО

Дуџак: Две години за итно делување за заштита на Охридското Езеро

Одлуката на Комитетот за светско наследство да не го стави Охрид на листата не ја намалува итноста да се делува и покрај дополнителните две години што се дадени за да се избегне таа судбина, се вели во писмената изјава на постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

„Со децении, Охрид е оптоварен со несоодветно и често нелегално градење, со слаб менаџмент на рибниот фонд и недостаток на заштитни механизми за животот под вода. Долго време гледавме апатија кон природните и културните богатства. Проблемите со кои се соочува Охрид сега бараат сеопфатен пристап не само во надминувањето на акумулираната штета, туку и за сето понатамошно планирање и менаџирање на областа. Времето да се делува е СЕГА!

Двегодишното одложување е неверојатна можност за значително зголемени напори кон корективни мерки и подобро менаџирање со местото. Сега, сите напори мора да се удвојат за да се вратат вредностите за кои Охрид е поставен на листата на меѓународни природни и културни богатства. За тоа е потребно координирано делување и блиска соработка меѓу сите засегнати страни, вклучително и локалната и централната власт, граѓанскиот сектор, граѓаните на Охрид и Струга, туристите и меѓународната заедница. Во таа смисла, ги поздравуваме неодамнешните напори на Владата и на општините Охрид и Струга. Ги поздравуваме и посветените напори на граѓанските организации на оваа тема. Подготвени сме да ја обезбедиме поддршката потребна за Охрид да не заврши на Листата на загрозени светски наследства.

Конечно, одлуката покажува дека мора заедно да го заштитиме природното и културното богатство на Охрид. Мора да делуваме заедно зашто Охрид ни припаѓа на сите нас, на луѓето што живеат на неговото крајбрежје, преку институциите и општините што го менаџираат неверојатното културно и природно богатство, до сите нас, до граѓаните на Северна Македонија и до граѓаните на светот. Охрид е богатство за целиот свет и наша заедничка обврска е да го заштитиме и зачуваме, за нас и за сите идни генерации“, се вели во изјавата на Дуџак, постојаната координаторка на ОН во Македонија.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе