Во Кривичен суд

Дудуш: Не сум сигурен, но мислам дека Дурловски ја координираше толпата во Собранието

Актуелниот градоначалник на Шуто оризари, Курто Дудуш, сведочеше во судскиот процес за насилството во Собранието. Дудуш во своето кратко 10-минутно сведочење пред судот рече дека од лицата во судница го видел Игор Дурловски, но нагласи неколкупати дека мисли оти го видел и дека не е сигурен во тоа.

Сведокот Дудуш рече дека кога слушнал лупање и тропање во Собранието и кога ја видел толпата се исплашил, а вообичаено, како што рече, знаел сам да се брани.

За себе лично зборуваше дека никој не посегнал да го нападне, но како што рече, го нападнале Павле Богоевски.

„Се обидов да се симнам по скалите и го видов Игор Дурловски. Мислам, но не сум сигурен, ама некако ми се чинеше дека тој ги организира луѓето кој на каде да оди и мислам дека испрати и неколку лица кон мене. Сите се плашевме за своите животи и мислевме дека никој нема да излезе жив од таму“, рече во своето кратко сведочење Дудуш.

Тој пред судот посочи дека никогаш не видел толку омраза и насилство на едно место, а дополни и дека за време на случувањата самиот се одбранил од три лица по што бил евакуиран од собраниското обезбедување. Кога на овој сведок му беа поставувани прашања од адвокатот Еленко Миланов каде и на кое место го видел обвинетиот Дурловски, сведокот повторно одговори дека потенцира, но не е сигурен оти Дурловски ги организирал луѓето од толпата.

К.Д.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе